Зголемени цените на угостителските услуги во март

49

Цените на угостителските услуги во март оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3% и Безалкохолни пијалаци за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во март 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,6%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари-март 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,2%, додека во однос на декември 2019 година е зголемен за 0,2%.

Фото: Pixabay