Акциите на Wall Street растат, бидејќи вирусот спласнува во некои региони

274

Американските акции бележат раст, а зајакнаа и акциите на глобалните пазари, бидејќи се подобрува оптимизмот на инвеститорите поради податоците дека пандемијата од коронавирус го достигнала врвот и дека попушта во некои делови од светот.

Индексот S&P 500 пораснал за околу 4% на утринското тргување на Wall Street, објави New York Times.

После интензивната нестабилност на берзата во текот на март, како и напорите за спречување на ширењето на коронавирусот и намалување на притисокот што пандемијата го предизвикува во економиите ширум светот, инвеститорите беа израдувани од бројките кои покажуваат дека забавува стапката на нови потврдени инфекции и смртни случаи во некои делови на Европа.

Во Соединетите Американски Држави, администрацијата на претседателот Доналд Трамп предупреди дека претстои една тешка недела, наговестувајќи дека пандемијата би можела да биде близу до кулминација во некои градови.

Гувернерот на Њујорк, Ендру М. Куомо, изјави дека во наредните денови епидемискиот бран би можел да достигне највисока точка.

Европските акции, исто така, се во пораст, по скромното закрепнување на берзата во Азија.

Фото: Pixabay