Растат трошоците на живот во март

39

Трошоците на живот во март оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,2%, додека кај цените на мало има пад од 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во март 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,2%, цигарите за 4,1%, маслото и маснотиите за 3,4%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,9%, јајцата за 0,8%, месото и млекото за 0,7%, лебот и житата, сирењето и урдата, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,4%, жестоките пијалаци и виното за 0,3% и прехранбените производи неспомнати на друго место за 0,2%.

Во март 2020 година, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај другите апарати и производи за лична хигиена за 1,3%, игрите, играчките и хобијата за 0,9%, материјалите за одржување и поправките на живеалиштето, моторните возила за 0,8%, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6%, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,5%, мебелот и покуќнината, фармацевтските производи за 0,4%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,3%, другите медицински производи, домашните миленици и сродни производи за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во март 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4%, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 10,2%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,8%, телефонската и телефакс опремата за 2,9%, гасот за домаќинствата за 2,8%, воздухопловниот патнички транспорт за 1,8%, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,8%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,6%, информатичката опрема за 0,2%, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0,2%.

Трошоците на животот во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележат пораст од 0,5%, а кај цените на мало има зголемување од 0,3%.

Фото: Pixabay