Централната банка на Англија ќе ја финансира својата влада

101

Bank of England (Банката на Англија) ќе биде првата централна банка која ако биде потребно директно ќе ја финансира својата влада, за брзо да обезбеди средства за поддршка на бизнисот во рамките на објавената програма за помош.

Министерството за финансии на Велика Британија и Банката на Англија вчера постигнаа договор за тоа, се вели во заедничкото соопштение на двете институции.

Велика Британија на тој начин ќе стане првата држава во која, во сегашната криза, ќе биде применето т.н. монетарно финансирање на буџетските расходи.

Ваквиот потег е многу невообичаена практика за централните банки, бидејќи може да предизвика хиперинфлација на долг рок. Гувернерот на англиската централна банка тврдеше претходно оваа недела дека таквата мерка е неприфатлива, но според аналитичарите, тој подлегна на притисокот од британското министерство за финансии во ситуација кога економијата брзо се распаѓа.

Фото: Pixabay