Како Ковид-19 влијае врз побарувачката за струја?

45

Бидејќи училишта, компании и фабрики низ Европа се затворени поради ширење на коронавирусот, енергетските потреби на повеќе земји се значително пониски од вообичаено.

Додека оние луѓе кои работат од дома, ќе добијат поголеми сметки за струја, сепак генерално потрошувачката е намалена, покажуваат податоците на Statista.

Потрошувачката на електрична енергија на осми април оваа година, во однос на истиот период лани, Италија има пад на потрошувачката на струја за 27%.

Потоа следуваат: Шпанија (21%), Белгија (17%), Австрија (16%), Франција (16%), Португалија (15%), Велика Британија (14%) и Германија (8%).

Фото: Pixabay