Како да останете во контакт со деловните партнери за време на пандемијата

186

Деловните партнери се една од поважните алки на секоја компанија. Во нормални услови, чести средби, состаноци, вечери… се начинот на којшто компанијата ги одржува своите врски со деловните партнери, но што да се направи во доба на пандемија кога се практикува работа од дома и социјално дистанцирање.

Имајте разбирање

Секој бизнис на свој начин трпи последици од пандемијата. Некои мораат да затворат, други намалуваат број на вработени или нивните плати, трети трошат дел од резервите за да се одржат во живот… Без оглед на тоа во која група припаѓате вие и вашите соработници, важно е да им дадете до знаење дека имате разбирање, ги поддржувате и очекувате што поскоро да ја интензивирате комуникацијата и соработката што работите се вратат на свое место.

Онлајн комуникација

Иако не можете да се сретнете во вашата канцеларија или омилениот ресторан и да зборувате за нови зделки, надминување на одредени предизвици или проширување на соработката, сепак користете ги онлајн алатките за да продолжите да комуницирате. Бидете учтиви, не се интересирајте само за работата, туку прашајте ги како се чувствуваат, дали се добри, како ја поминуваат кризата, дали можете некако да им помогнете и слично.

Бидете флексибилни

Секоја криза со себе, освен последици, носи и отворени промени, што треба да ги имате предвид и да ги искористите. Не бидете ригидни, напротив покажете поголема флексибилност и прилагодете го своето работење кон новонастанатата ситуација, а со тоа дајте им прилика и на вашите деловни партнери. Користете ги придобивките од дигитализацијата, следете ги новитетите и на тој начин полесно ќе ја надминете кризата, не заборавајќи ги и вашите партнери.

Фото: Pixabay