Речиси 60 милиони работни места низ Европската унија и Велика Британија се изложени на ризик од пандемија на коронавирус.
Професиите кои не бараат близок контакт меѓу луѓето, како што се сметководители и архитекти. Во рамки на високоризичните професии вработени се 55 милиони работници, а меѓу нив се касиери, готвачи, градежни работници, хотелски персонал и актери.
Околу 80% од работните места кои се сметаат за ризични ги извршуваат луѓе без факултетска диплома.
Ако Европа не успее да го спречи вирусот во рок од три месеци и биде принудена да продолжи со социјалното дистанцирање преку летото, стапката на невработеност следната година ќе биде на највисоко ниво од 11,2%, додека целосно опоравување на економијата може да се случи во 2024 година, се наведува во анализата.
Фото: Pixabay