Во Европа би можело да пропаднат милијарда литри вино

74

Европратеникот Ерик Андро предупреди дека дури една милијарда литри вино може да пропаднат низ цела Европа. Андро ја повика Европската комисија да интервенира за да се избегнат последиците од големиот шок на пазарот на вино предизвикано од пандемијата на коронавирусот, пишува Vino & Fino.

Тој предупреди дека сегашната состојба може да има многу сериозни последици за вработените во овој сектор, а особено во помалите вински куќи, рестораните и другите учесници во ланецот за продажба на вино.

Најголемото претставничко тело на европски винари и трговци со вино, CEEV (Comité Européen des Entreprises) издаде соопштение во коeшто се вели дека винарите во многу европски земји доживуваат логистички тешкотии во пласманот на виното и голем пад на продажбата.

Како што стои во соопштението, винариите работат помалку како резултат на епидемиолошки мерки, а некои и престанаа да работат.

“На крајот на минатиот месец се забележува пад на продажбата во супермаркети, што го засили негативниот тренд на пазарот на вино“, рече Жан – Мари Бариера, претседател на CEEV.

За да се спречат најтешките последици од тековните трендови, ова тело создаде кризен план наречен Covid-19 Wine Package, со цел финансиски да ги зајакне винарските визби и да го рестартира пазарот.

Фото: Pixabay