Неуспехот е неважен, потребна е храброст да направите будала од себе. Ова е само една од мудрите изреки што своевремено ги кажал Сер Чарлс Спенсер Чаплин или на јавноста познат како Чарли Чаплин. Тој беше британски актер, ѕвезда на немиот филм, режисер, музичар и сценарист.
Чаплин важи за една од најкреативните и највлијателни личности во времето на немиот филм. Во своите филмови бил и актер, но и режисер, сценарист, продуцент, композитор…
Меѓу неговите познати изреки се и:
Ден без насмевка е пропаднат ден
За да можете искрено да се насмеете, треба да ја прифатите сопствената болка и да си играте со нејзе
Вистинскиот карактер на секој човек доаѓа до израз кога е пијан
Ништо не е вечно на овој свет, дури ни проблемите
Фото: Pixabay