Пандемијата “удри“ по бананите

84

Производителите на банани од Филипините предупредуваат дека извозот на ова овошје во светот оваа година би можел да се намали за 40% поради ограничување на движењето, пишува Manila Bulletin.

“Извозот на банани од Филипините се очекува да се намали на 2,5 милиони тони оваа година, во однос на четири милиони минатата година“, вели Стефен Антиг, извршен директор на асоцијацијата на производители и извозници на банани на Филипините.

Бананите треба да се берат секој ден, но поради ограничување на движењето за да се спречи ширење на заразата, голем дел од бананите ќе скапат.

Инаку, Филипините сочинуваат околу 20% од глобалната мрежа за снабдување со ова овошје и околу 90% од вкупниот извоз на банани во Азија. Најголем пласман има за Кина и Јапонија.

Главниот остров на Филипините, Лузон е под карантин од средината март, а така ќе остане до крајот на овој месец. Провинциите во јужниот дел на Филипините, каде има многу плантажи со банани, исто така имаат воведено рестриктивни мерки за да се спречи ширење на коронавирусот.

Фото: Pixabay