На Венеција ѝ се заканува социјална бомба, градоначалникот повикува туристи

292

Градоначалникот на Венеција Луиџи Бругнаро, упати апел, повикувајќи ги туристите да се вратат во градот штом се укинат рестрикциите воведени поради пандемијата.

“На сите што имаат можност да патуваат во наредните месеци, им велам: Дојдете во Венеција! Ќе помогнете во светот да се испрати сигнал за закрепнување кое започнува од убавината и културата“, објави Бругнаро на својот профил на Twitter.

Венеција зависи од туризмот, а таа индустрија е тешко погодена уште пред пандемијата на коронавирус, бидејќи поплавите минатиот ноември принудија многу посетители да го напуштат градот, пренесува Seebiz.

Бругнаро одржа прес-конференција на која ја повика централната влада за помош, барајќи продолжување на државната помош за работниците во туристичкиот сектор.

“За жал, се соочуваме со социјална бомба која е веќе активирана“, изјави градоначалникот за весникот Corriere della Sera.

Фото:Pixabay