Непроменети цените на угостителските услуги во април

37

Цените на угостителските услуги во април оваа година, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во април 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,6%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3%, додека во однос на декември 2019 година се зголемени за 0,3%.

Фото: Pixabay