Evolve депозит на Халкбанк нуди камати кои растат на секои шест месеци и камата до 2,4% за денари и 1,6% за евра

104

Штедењето во банка претставува здрава животна навика, бидејќи не само што на овој начин се зголемува вредноста за издвоените средства поради каматите кои се добиваат на депозитите, туку се обезбедува и сигурност за иднината и полесно справување со непредвидени ситуации. Каква што, на пример, е моменталната криза предизвикана од пандемија со КОВИД -19.

За сите оние кои ќе решат дел од својот буџет да го издвојуваат како депозит, идеални можности нуди производот на Халкбанк – Evolve депозит кој има атрактивни каматни стапки кои растат на секои шест месеци. Притоа, Банката нуди два типа од овој производ – Evolve депозит со можност за дополнителни вложувања и Evolve депозит со можност за предвремено раскинување, па секој штедач може да одбере тип на депозит кој најмногу му одговара.

За двата вида депозити заедничко е што рокот на орочување е 24 месеци, имаат фиксни каматни стапки кои се зголемуваат на секои шест месеци, каматата се исплаќа на крајот на периодот на доспевање, а штедењето може да биде во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра.

Evolve депозитот со можност за дополнителни вложувања, без можност за делумни повлекувања, нуди шанса за дополнителни уплати на депозитот, односно штедачот може да врши уплати кога сака и колку сака. Дополнителните уплати може да се прават преку електронско банкарство, на шалтерите и со траен налог. Кај овој вид депозит, каматата во првите шест месеци, ако се штеди во денари е 0,60%, за второто шестмесечје е 1,20%, за третото – 2% и за четвртото – 2,40%. Просечната каматна стапка за целиот период на орочување од 24 месеци кај депозит во денари изнесува 1,55%. Доколку се штеди во евра, каматата во стартот на штедењето е 0,40%, за второто шестмесечје изнесува 0,80%, за третото – 1,20% и за четвртото – 1,60%. Просечната каматна стапка за целиот период на орочување од 24 месеци кај депозит во евра изнесува 1%.