Во недостиг на F1 трки, Ферстапен и Red Bull направија тура низ Холандија

136
Max Verstappen performs during The Dutch Road Trip in Maasland, Netherlands on January 25, 2020 // Rutger Pauw / Red Bull Content Pool // AP-23Q7EYB651W11 // Usage for editorial use only //

Љубителите на Formula 1 трките немаат многу причини за задоволство оваа сезона, но возачите на Aston Martin Red Bull тимот барем на момент ги вратија насмевките на нивните лица.

Хаосот кој го предизвика пандемијата на коронавирусот ширум светот, влијаеше и на светот на спортот. Меѓу нив и Formula 1 којa ги чувствува последиците од сето тоа, откако почетокот на сезоната е одложен, а исто така и голем број трки се откажаа или одложија. Холандија за прв пат по 1985 година требаше да биде една од земјите кои оваа сезона ќе ги пречекаа F1 болидите на патеката Zandvoort, но Covid-19 ги расипа плановите.

Сепак, и покрај тоа што Големата награда на Холандија не успеа да го дочека своето враќање во F1 календарот, миленикот на Холанѓаните, Макс Ферстапен, заедно со својот колега од Red Bull Алекс Албон придонесоа за задоволство и измамија насмевки кај љубителите на автомото спортот со фантастичната тура низ Холандија. Ферстапен и Албон со своите Aston Martin Red Bull болиди возеа низ различни предели на земјата приредувајќи несекојдневна F1 авантура која се одликува со најпознатите пејзажи и глетки од оваа европска земја, како ветерниците и полињата со лалиња, притоа минувајќи низ Ротердам, Амстердам, Хаг, а неизбежни беа и отворените патишта. На крајот, на двајцата возачи им се приклучи и светскиот MXGP шампион Џефри Херлингс, кој изведуваше секакви егзибиции со својот мотоцикл.

Целата турнеја низ Холандија на Ферстапен и Албон заврши на патеката Zandvoort.

Сезоната започнува на петт јули во Австрија

Според последните најави на челниците на Formula 1, сезоната ќе започне со трката за Големата награда на Австрија на петти јули. Една недела подоцна се очекува уште една трка на истото место, за потоа на Silverstone на 19 јули со Големата награда на Британија да се одржи третата трка, а на истото место ќе се одржи и четвртата трка во сезона, една недела подоцна. Поради фактот дека голем број трки се откажаа, во Австрија и Велика Британија ќе се одржат по две трки со цел да се дојде до планираните 15 до 18 трки за оваа сезона. Веднаш по нив следуваат трките во Унгарија и Шпанија, а целата сезона ќе биде без присуство на навивачи крај патеките.

Преземено од Avtoplus.mk