Градот Виена има намера со ваучер од 50 евра по домаќинство да го поттикне угостителството, чии објекти се отвораат по двомесечна пауза. Сите домаќинства од средината на јуни ќе добијат ваучер од 50 евра, најави градоначалникот на градот Михаел Лудвиг.
Сите 950.000 домаќинства ќе добијат ваучер од 50 евра, а домаќинствата со еден член ваучер од 25 евра, кои ќе можат да се искористат до крајот на септември во рестораните и кафулињата кои учествуваат во таа акција.
Единствено што нема да може да се плати со овој ваучер се алкохолни пијалаци.
Оваа акција ќе ги чини градскиот буџет 40 милиони евра, но градоначалникот вели дека тоа може да си го дозволат. Тој потсети дека угостителскиот сектор во Виена секоја година ѝ носи околу 1,4 милијарди евра.
Фото: Pixabay