Извозот на авокадо во светот минатата 2019 година беше на ниво од 6,5 милијарда долари. Поединечно, најголем извоз на ова овошје има Мексико со 42,9% или 2,8 милијарди долари.
Петте најголеми извозници на авокадо во светот лани беа и: Холандија (една милијарда долари), Перу (751 милион долари), Шпанија (392 милиони долари) и Чиле (300,7 милиони долари).
Анализирано според континенти, земјите од Северна Америка имаат најголем удел во извозот во текот на минатата година со 45,3% или 2,9 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports. Потоа следат земјите од Европа со 26,6%, додека 20,8% од извозот на авокадо доаѓа од земјите од Јужна Америка.
Фото: Pixabay