Премиерот Кирјакос Мицотакис објави дека туристичката сезона во Грција официјално ќе почне на 15 јуни, а од први јули ќе бидат дозволени и меѓународни летови од речиси сите држави.
Министерот за туризам, Харис Теохарис изјави дека на туристите кои доаѓаат во Грција нема да им се бара потврда за негативен тест за коронавирус, ниту ќе одат во карантин, но властите го задржуваат правото да прават тестови по случаен избор.
“Предност за влез во Грција ќе имаат туристите кои доаѓаат од земјите кои имаат добри резултати во борбата со коронавирусот“, кажа Теохарис, наведувајќи ги балтичките, балканските земји и земјите од северна Европа.
Грција минатата година ја посетиле повеќе од 34 милиони туристи, кои потрошиле 18,2 милијарди евра.
Тој најави петмесечно намалување на данокот за сообраќај од 24 на 13%, што во текот на туристичката сезона ќе донесе поевтини бродски, автобуски и авионски билети, како и намалување на данокот за кафе, безалкохолни пијалаци и билети за кина под отворено.
Фото: Pixabay