Канада извозник број еден на јаворов сируп во светот

Извозот на јаворов сируп во светски рамки минатата година достигна вредност од 392,8 милиони долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Како најголем извозник со 82,5% удел во “колачот“ е Канада со извезен јаворов сируп вреден 324 милиони долари.

Петте најголеми извозници на јаворов сируп, покрај Канада, се и: САД (24,7 милиони долари), Холандија (10,5 милиони долари), Германија (9,5 милиони долари) и Данска (8,6 милиони долари).

Фото: Pixabay