Плаќаат билет и до 25.000 евра за приватен лет

182

Некои приватни авиокомпании бележат зголемување на побарувачката за летови бидејќи богатите Руси решија да патуваат на Запад поради здравствената криза, во која властите воведоа строги мерки и ги прекинаа комерцијалните летови.

Патниците одат во земји како Велика Британија и Кипар, каде што имаат свои недвижности и право на престој, главно поради двојното државјанство или роднините кои се таму, велат извори од авиоиндустријата.

Приватните летови чинат помеѓу 16.000 и 25.000 евра, што може да ги покрие билетите на 13 патници на комерцијален лет, додаваат изворите.

“Луѓето се уморни од тоа што живеат во изолација и бараат начини да излезат“, рече Александар Озит, сопственик на брокерската компанија JETVIP, која во изминатите два месеца бележи зголемена побарувачка на приватни летови за Европа.

Приватните летови во време кога повеќето авиокомпании се затворени не е противзаконско и не е специфично само за Русите. Кинезите, исто така, летаат со приватни авиони од Соединетите Американски Држави, а Американците одат во елитни домашни одморалишта.

Во март беа регистрирани 250 приватни летови на релацијата Москва – Европа, покажуваат податоците за следење 80 авиони регистрирани во руски и европски приватни авиокомпании.

Фото: Pixabay