Извозот на лук во светски рамки лани беше на ниво од 2,8 милијарди долари, што претставува пораст од 30,9% во споредба со 2018 година.
Дури 71,3% од светскиот извоз отпаѓа на лук од Кина, поради што оваа земја минатата година заработи две милијарди долари.
Меѓу петте најголеми извозници на лук во светот се и: Шпанија (359,9 милиони долари), Аргентина (131,7 милиони долари), Холандија (78,9 милиони долари) и Франција (32,4 милиони долари).
Фото: Freepik