Компаниите што се занимаваат со малопродажба имаат директна комуникација со потрошувачите. Според извештајот на Kantar, највреден бренд кога е малопродажбата е Amazon на најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос. Овој американски трговски гигант има вредност од 415,9 милијарди долари.
На второ место се најде кинескиот онлајн “трговец“ Alibaba со вредност од 152,5 милијарди долари, додека трет е McDonald’s со вредност проценета на 129,3 милијарди долари.
Првата петорка ја заокружуваат The home depot од САД со 57,6 милијарди долари и брендот за луксузни производи Louis Vuitton со 51,8 милијарди долари. По нив, листата на 10 највредни брендови во малопродажба ја комплетираат: Nike (50 милијарди долари) Starbucks (47,8 милијарди долари), Walmart (45,8 милијарди долари), Chanel (36,1 милијарда долари) и Hermes (33 милијарди долари).
Фото: Freepik