Нова и несекојдневна атлетска трка HalkEco Хронометар 10KM

59

Време е за добра вест за тркачите. Сојуз на Спортови на Скопје и Атлетски Клуб Работнички од Скопје ќе организираат нова иновативна атлетска трка на 10 км, HalkEco Хронометар, на 13 јуни.

Оваа трка ќе биде поразлична од сите други досега заради тоа што има посебни правила и протоколи според препораките од Владата и Комисијата за заразни болести, кои што ќе треба да бидат почитувани од сите учесници.

Трката е наречена по хронометар, точно мерење на времето на одредена должина на зададена патека, но со посебен старт на секој натпреварувач, како во велосипедизмот. Новитет е тоа што  натпреварувачот при пријавувањето, сам го бира времето за старт од 06:30:00 часот до 09:30:00 часот, при што временскиот интервал на старт помеѓу секој натпреварувач е 30 секунди, со цел да се даде доволно растојание помеѓу тркачите.

Почетокот на трката на 13 јуни ќе биде на кејот на Вардар, односно под мостот Гоце Делчев, од каде што тркачите ќе трчаат во правец на Карпош 4 и назад кон стартната позиција. Трката има ограничен број на учесници (360) и затоа е потребно брзо пријавување на сите заинтересирани тркачи. Пријавувањето е веќе во тек и ќе трае до пополнувањето на максималниот број на учесници.

Секој натпреварувач својот стартен број ќе го добие на својата домашна адреса, а за учество во трката ќе мора да ги почитува сите протоколи и правила кои се наведени на веб страната на трката. За најдобрите 5 тркачи во машка и женска конкуренција ќе има парични награди.

Секој кој што е заинтересиран да биде дел од новата атлетска трка HalkEco  Хронометар 10КМ може да се пријави само онлајн. Сите информации за трката може да се најдат на www.hronometar10km.mk

Што е HalkEco?

HalkEco е апликација што ти овозможува да формираш здрави навики и да придонесуваш за зачувување на животната средина. Апликацијата ќе те охрабри да бидеш физички поактивен, еко свесен и да ја мотивираш заедницата да го следи твојот пример.

За секоја твоја активност: трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет, добиваш HalkCoins и освојуваш различни нивоа за кои што следуваат подароци, други бенефиции и можности за засадување зелени површини.

Во текот на работните денови и за време на градскиот метеж (07:30 – 09:30 и 15:30 – 17:30) секој твој километар вреди 2 HalkCoins, за време на викендите 0,5 HalkCoins и останато време ти носи 1 HalkCoin.

Симни ја апликацијата на твојот паметен телефон преку Play Store или App Store и следи ги конкретните чекори. Стартувај активност со движење и биди еден од оние корисници кои ќе придонесат за зголемување на еко свеста.