Извозот на брашно на глобално ниво лани достигна 5,8 милијарди долари, што е 11,9% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Турција има најголем удел во извозот на брашно во светот со 24,8% или заработка од 1,1 милијарда долари.
Меѓу најголемите извозници во светот се и: Казахстан (362,7 милиони долари), Германија (349,2 милиони долари), Аргентина (214,7 милиони долари) и САД (139,9 милиони долари).
Меѓу 15-те најголеми извозници во светот се најде и Србија. Таа е 22-ра со извоз на брашно од 39,3 милиони долари во 2019 година.
Фото: Freepik