Кој е првиот фудбалер – милијардер?

66

Португалецот Кристијано Роналдо лани заработи 105 милиони долари пред оданочување со што се најде на четврто место на листата на најбогати познати личности на магазинот Forbes.

Минатогодишната заработка го направи овој 35-годишен фудбалер да биде прв од неговите колеги што успеале да заработат милијарда долари, додека активно се занимава со спорт.

“Напаѓачот“ е трет спортист кој успеал да го надмине прагот од милијарда долари, а тоа досега им успеа на голф играчот Тајгер Вудс во 2009 година и боксерот Флојд Мејведр.

Роналдо за 17 години професионална фудбалска кариера заработи 650 милиони долари, а се очекува со актуелниот договор, што му завршува за две години, да дојде до износ што надминува 760 милиони долари. Остатокот од неговото богатство доаѓа од спонзорски договори.

Фото: Freepik