Фото: Pixabay
Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот ќе поевтинат за еден денар, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 79,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 80,50 денари, а Еуродизел (Д-Е V) 66,50 денaри за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 55,50 денари.
Се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 и ќе изнесува 40,675 денaри за килограм.