Најстарата гејмерка во светот има 90 години

Хамако Мори од Јапонија секој ден прави вежби за прстите, но не за плетење или нешто слично на тоа, туку за играње видео игри.

На свои 90 години, Мори го има приматот на најстара активна јутуберка што се занимава со видео игри и го држи рекордот запишан во Гинисовата книга на рекорди.

Мори стои зад YouTube каналот Gamer Grandma, а секој ден поминува три или повеќе часа играјќи најразлични видео игри, пишува The Guardian.

“Секој ден играм видео игри. Уживам секој ден“, вели Мори, која живее во југоисточниот дел на Токио заедно со своето семејство.

Пасијата за видео игри, Мори ја има повеќе од 40 години, а својата “кариера“ ја започнала во 1981 година на конзолата Cassette Vision, на којашто тогаш играле нејзините деца.

Фото: YouTube/Printscreen