Италија од очила за сонце заработи скоро три милијарди долари

Очилата за сонце, освен што се практичен моден додаток, тие на најголемите извозници во светот им носат заработка што се мери во милијарди долари. Минатата година, извозот на очила за сонце на глобално ниво достигна вредност од седум милијарди долари или 1,7% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Италија лани успеа да покрие 40% од вкупниот извоз на очила за сонце и да заработи 2,8 милијарди долари. Втора е Кина со извезени очила за сонце вредни 1,5 милијарди долари.

Меѓу првите топ пет извозници на очила за сонце се и: Хонгконг (777,5 милиони долари), САД (398,2 милиони долари) и Германија (247,4 милиони долари).

Фото: Freepik