Телевизор, телефон, компјутер, таблет… паметни или помалку паметни уреди без коишто не можеме да си го замислиме секојдневието, а чии екрани ни го привлекуваат вниманието со часови.
Истражување на компанијата Vision Direct, што го пренесува Yahoo, покажува дека просечен возрасен Американец, во текот на животот, ќе помине дури 44 години гледајќи во различни екрани. Во текот на годината, еден Американец просечно поминува 6.259 часови зјапајќи во различни екрани. Околу четири ипол часа отпаѓаат на гледање телевизија, скоро пет часа пред компјутер, а нешто повеќе од три часа на различни уреди за забава, додека на паметните телефони отпаѓаат четири ипол часа.
Од едно деноноќие, просечен Американец пред екрани поминува 17 часа.
Дури 75% од испитаниците велат дека не би знаеле што ќе прават доколку ги немаат уредите. Ова е посебно изразено за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот, кога луѓето имаа повеќе слободно време и беа постојано дома.
Фото: Freepik