На увоз на пиво сме потрошиле 6,5 милиони евра

104

Увозот на пиво минатата година во светот достигна вредност од 16,6 милијарди долари, што е 1,7% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Македонија е 108-ма во светот по увоз на пиво, на што лани сме потрошиле 6.510.000 евра или 18,6% повеќе во споредба со 2018 година.

Во светски рамки, САД се најголем увозник на пиво со удел од 35,2% или потрошени 5,9 милијарди долари. Меѓу петте најголеми увозници на пиво во светот се и: Франција (една милијарда долари), Кина (820 милиони долари), Велика Британија (663,5 милиони долари) и Италија (649,9 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем увозник на пиво е Босна и Херцеговина со 65 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (54,5 милиони долари), Хрватска (53 милиони долари), Грција (34,8 милиони долари), Словенија (30,7 милиони долари), Србија (19,4 милиони долари) и Албанија (18,1 милион долари).

Кога е извозот во прашање, земјава лани од продажба на странски пазари оствари 3,4 милиони долари.

Фото: Freepik