Добрите производствени резултати на турската автомобилска индустрија за време на пандемијата на коронавирус им привлекоа внимание на глобалните компании кои сакаат да го префрлат производството од Кина. Со тоа ќе се слеат нови повеќемилионски инвестиции во овој сектор во наредниот период, рекоа претставници од турската автомобилска индустрија.
Турското здружение на добавувачи во автомобилската индустрија TAYSAD, најави дека ќе започне промотивна кампања во Европа за да го зајакне имиџот и статусот на Турција како доверлив производител. ПР кампања од милион долари ќе ги промовира производствените можности на турската автоиндустрија, пишува Daily Sabah.
TAYSAD соопшти дека планира да привлече до милијарда долари инвестиции од производителите на автомобили кои сега бараат каде да го префрлат производството од Кина.
Алпер Канча, претседател на TAYSAD, рече дека промотивната кампања којашто се организира со Здружението на извозници на автомобили и со поддршка на министерството за трговија ќе цели а производителите на автомобили во Германија, Франција и Велика Британија.
Турција е значителен добавувач на авто делови, произведува некои од клучните компоненти на светски брендови со годишен извоз од околу 30 милијарди долари.
Фото: Pixabay