Земји што “вртат“ големи пари од извоз на шапки

Извозот на шапки, капи, шешири… минатата година надмина вредност од 10 милијарди долари, што е 3,2% повеќе во однос 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извоз шапки има Кина, која што покрива 44,9% од вкупниот извоз на глобално ниво или 4,5 милијарди долари. Втор најголем извозник на шапки, капи, шешири… е Италија со заработка од 523,6 милиони долари, додека на трето место се најде Виетнам со извоз во висина од 519,4 милиони долари.

Меѓу првите пет од 15-те најголеми извозници на шапки се најдоа и Германија со 506,3 милиони долари и Холандија со 429,3 милиони долари заработка минатата година.

Фото: Freepik