Како успеа оваа земја да достигне инфлација од скоро 800%?

Годишната стапка на инфлација во Зимбабве достигна 785,55% во мај од 765,57% во април, покажуваат статистичките податоци од оваа африканска земја, пренесува Bloomberg.

Месечната стапка на инфлација во мај беше 15,13%, додека еден месец претходно 17,64%.

Инфлацијата во април порасна на 766%, а ситуацијата во земјата дополнително ја отежнува недостигот од гориво, странски валути и електрична енергија.

Зимбабве минатата година повторно се врати на својата национална валута по 10 години, откако во 2019 година го напушти својот долар поради хиперинфлација.

Фото: Freepik