Земји со најголема инфлација во светот

301

Инфлацијата претставува прекумерно зголемување на паричната маса во оптек, што доведува до намалување на вредноста на парите. Инфлацијата ја претставува неурамнотеженоста на стоковно – паричните односи предизвикана од зголемената парична маса во оптек и масата на одобрени кредити во споредба со големината на расположливиот трговски фонд изразен преку вкупните цени.

Во светот лидер на листата земји со најголема инфлација е Венецуела. Во оваа латиноамериканска земја, според последните податоци од април оваа година, е 2.82972%. Меѓу петте земји со најголема стапка на инфлација се и: Зимбабве (175%), Јужен Судан (56%), Северна Кореја (55%) и Аргентина (54%).

Од земјите во регионот, Бугарија е 73-та во светот со инфлација, заклучно јули оваа година, од 2,9%. Потоа следуваат: Словенија (2,3%), Србија (1,6%) и Албанија (1,5%), Хрватска (1,1%).

Македонија е 146-та во светски рамки со инфлација од 0,8%. Зад нас се Босна и Херцеговина со инфлација од 0,5% и Грција со 0%. Црна Гора е во дефлација од 0,4%.

На дното на листата, земји во дефлација се: Либија (-7,1%), Бурунди (-4%), Буркина Фасо (-3,9%), Нигер (-3,5%) и Обединети Арапски Емирати (-1,5%).

ФОто: Pixabay