Колку дивоградби лани “никнале“ во земјава?

87

Во текот на минатата година во земјава се регистрирани 866 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 160 објекти за домување (18,5%), 94 доградби, надградби и адаптации (10,9%), 55 деловни објекти (6,4%), 64 гаражи (7,4%), 196 огради (22,6%), 14 скалила (1,6%), 27 тераси (3,1%), 46 летни тераси (5,3%), 92 натстрешници (10,6%), 14 времени објекти (1,6%) и 104 помошни објекти (12%).

Најголем број бесправно изградени објекти (98,4%) се во приватна сопственост.

Фото: Freepik