Групацијата Hilton хотели ќе отпушти 2.100 вработени или околу 22% од вкупната работна сила, поради постојаното намалување на резервациите за хотелско сместување и службените патувања за време на пандемијата на коронавирусот.
Американскиот синџир хотели, исто така, ќе ја продолжи за уште 90 дена актуелната програма на принудни одмори за повеќето вработени.
Групацијата Hilton кон крајот на март објави воведување принудни одмори за вработените, како и времено намалување на платите на раководителите.
“Никогаш во 101-годишната историја на Hilton, нашата индустрија не се соочила со глобална криза која буквално ги прекинала патувањата“, истакна генералниот директор Кристофер Насет.
CNN наведува дека и други големи хотелски синџири, како што се Marriott и Hyatt станале “жртви“ на Ковид-19.
Американските хотели загубиле повеќе од 30 милијарди долари заработувачка, а речиси шест од 10 хотелски соби се празни, според податоците на американската асоцијација на хотели и сместувања.
Фото: Facebook