Туристите кои ќе резервираат четири ноќевања во еден од 53-те хотели во сицилијанскиот град Палермо, а до главниот град на Сицилија стигнат со авион, ќе платат три ноќевања, додека едно ќе биде бесплатно со цел да се промовира туризмот по укинувањето на рестриктивните мерки.
Сè повеќе хотели се заинтересирани за иницијативата на локалното здружение на хотелиери со менаџментот на аеродромот во Палермо којашто ќе трае во текот на 2020 година, пренесуваат сицилијанските медиуми.
Туристите и туристичките агенции кои се заинтересирани може да ја видат понудата на хотелот кои се придружиле на иницијативата на сајтот на аеродромот Палермо (aeroportodipalermo.it) и да се одлучи за хотел, а по доаѓањето во сместувачкиот објект неопходно е да се даде на увид аеродромската карта.
Фото: Pixabay