Властите во Италија отворија истрага против неколку компании поради сомнеж за корупција, а под лупа се најде и подружницата на германскиот гигант Siemens, пренесуваат тамошните медиуми.
“Siemens Mobilty е една од неколкуте компании што наводно подкупувале вработени во градското транспортно претпријатие за да се “наместат“ јавни тендери за одржување и проширување на мрежата на подземната железница во Милано“, изјави државниот обвинител, Франческо Грецо.
Истрагата опфаќа и италијански подружници на Alstom, како и неколку домашни компании.
“Местењето“ на тендерите го организирал вработен во градското транспортно претпријатие АТМ, кој за возврат добил над 125.000 евра. Тој сега е уапсен заедно со уште 12 лица вмешани во скандалот.
Фото: Freepik











