НЛБ Банка АД Скопје на годинешните Europe Banking Awards за 2019 година ја доби четвртата по ред награда за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА.
Станува збор за реномираното списанието ЕМЕА кое ја доделува наградата и има уредничка визија да биде „независен глас“ на финансиската заедница користејќи високо ниво на новинарска етика и интегритет во пренесувањето на содржините на финансиската заедница. Критериумите и параметрите врз основа на кои беа доделени овие престижни награди се однесуваат врз способноста на банките и финансиските институции да овозможат иновативни производи и услуги, да покажат одлични резултати во инвестициското банкарство, како и способност и капацитет да функционираат како социјално одговорни компании во општеството од кое се дел.
Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата и посветеноста на сите вработени и овозможија на НЛБ Банка и минатата година да оствари извонредни финансиски резултати. Банката постојано добива признанија за своите резултати и постигнувања и е континуирано препознаена како најнаградувана банка.
НЛБ Банка АД Скопје е дел од НЛБ Групацијата и се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Северна Македонија што се должи на континуирани продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во електронските сервиси.