Olympus го прекинува производството на камери по 84 години

Еден од најпознатите производители на камери, Olympus, го прекинува производството по 84 години традиција.

Од компанијата велат дека, како што пренесува ВВС, и покрај сите напори веќе не се исплати да се биде дел од “исклучително тешкиот пазар на дигитални фотоапарати“.

Појавата на паметните телефони беше еден од главните фактори за намалување на обемот на работа за оваа компанија, којашто во последните три години бележи големи загуби.

Оваа јапонска компанија својата прва камера ја направи во 1936 година, по неколкугодишно производство на микроскопи. Со текот на годините постојано го унапредуваше изгледот и перформансите на своите произвид, по што прерасна во водечка на пазарот.

Фото: Facebook