Чакрабарти заминува од функцијата претседател на ЕБРД

55
President of the European Bank for Reconstruction and Development

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти, ја напушта таа позиција, завршувајќи го својот втор целосен мандат на должноста, онолку колку што е дозволено според прописите на таа институција.

“Европската банка за обнова и развој сега е незаменлива развојна банка“, рече Чакрабарти во обраќањето по повод заминувањето, објавено на официјалната веб-страница на ЕБОР.

Чакрабарти, британски државјанин, двапати победи на изборите за прв човек на ЕБОР, во 2012 и 2016 година, првпат во историјата на таа институција.

Тој се придружи на банката со мандат да ја модернизира, а фокусираноста на таа цел ѝ овозможи на ЕБРД да оствари рекордни инвестиции и влијание врз развојот на економиите во транзиција, како и да постигне поголема финансиска одржливост.

Транзицијата кон зелена економија е една од главните одлики на неговото претседателствување, бидејќи речиси половина од инвестициите на ЕБОР минатата година беа во зелената економија, а Банката најави и за во иднина амбициозни цели.

Првиот потпретседател на ЕБОР, Јирген Ригтерник, кој од 2018 година работи во банката на управување со банкарски и политички работи, од денес ќе ја извршува работата на вршител на должноста претседател на ЕБОР.

Наследникот на Чакрабарти се очекува да биде избран на Годишното собрание на Банката, кое беше преместено од 13-ти и 14-ти мај на седми и осми октомври 2020 година, поради пандемијата на коронавирус.

Фото: EBRD