Хрватска ги дуплира субвенциите за е – автомобили

68

Субвенциите за набавка на електрични возила во Хрватска привлекуваат голем интерес секоја година, а оваа година Фондот за заштита на животната средина обезбеди 70.000 куни или околу 9.200 евра за физички лица, а од 70.000 куни до 400.000 куни, (52.000 евра) за правни лица.

Хрватското здружение на возачи на електрични возила Strujni krug им пружа помош на своите членови при пријавување за субвенции или купување возила. Членовите можат да добијат и специјални попусти за набавка на електрични возила и прифатлив лизинг кај домашните компании.

Во претходните години, со помош на субвенции од Фондот за заштита на животната средина и обновување на енергија, набавени се дури 3.500 возила.

Фото: Pixabay