Роберт Де Ниро меѓу најголемите корисници на програмата за економска помош на владата на САД

96

Ланецот на луксузни суши ресторани и хотели, Nobu зема 14 заеми од американската програма за помош на мали претпријатија во износ од 28 милиони долари, според владини документи.

Ланецот којшто го основаа актерот Роберт Де Ниро, славниот шеф Нобуоки Матсухиса и филмскиот продуцент Меир Тепер, доби средства за објектите кои се наоѓаат низ целата земја од Калифорнија до Тексас и Њујорк, пренесува CNBC.

Рестораните се меѓу најголемите приматели на Програмата за заштита на плати (Paycheck Protection Program) -ППП, преку која владата одговара на економското влијание на пандемијата од коронавирус.

Вестите дека големите, добро финансирани ланци како Shake Shack и Ruth’s Hospitality Group на почетокот добиле кредити, предизвика лавина критики во април, поради што администрацијата ги предупреди компаниите дали ги исполнуваат условите за оваа програма.

Министерот за финансии, Стивен Мнучин рече дека програмата не е наменета за фирми кои можат да ги искористат предностите на другите форми на финансирање, од пазарите на капитал до банкарски кредитни линии.
Групата Nobu се чини дека е една од поголемите корисници на програмата и ќе добие 11 до 28 милиони долари.
Податоците, кои откриваат што се случило со ППП програмата од 660 милијарди  долари, беа објавени откако Мнучин првично одби да ги открие, велејќи дека информациите се приватни.
Бидејќи започна во април, програмата привлече големо внимание, најпрво заради технички проблеми во услови на проблеми со пристапот, а подоцна кога беше откриено дека големите фирми ја искористија оваа помош.

Администрацијата на крајот попушти и рече дека ќе ги објави идентитетите на компаниите што добиле најмалку 150.000 долари.

Фото: Facebook