Хрватска и Бугарија влегуваат во чекална на еврозоната

167

Хрватска и Бугарија денеска треба да бидат примени во Европскиот механизам за девизен курс (ERM II), еден вид чекалница за влез во еврозоната, пишува Dnevnik.hr, повикувајќи се на дипломатски извори.

Одлуката во понеделникот доби поддршка од работната група за еврото, која е исто така на агендата во четврток попладне и во петок, кога ќе се состанат Еврогрупата и Советот за финансии и економија.

Одлуката за пристапување во ERM II ја носат земјите што учествуваат во механизмот, односно 19 земји од еврозоната и Данска, како и претставници на Европската централна банка. Одлуката за прием треба да биде објавена во официјална изјава во петок вечер, според дипломатски извори.

Земја членка којашто сака да го воведе еврото мора да помине најмалку две години во ERM II пред да ја прифати заедничка европска валута, што значи дека Хрватска може да смета на влез во еврозоната најрано во 2023 година.

На 10 јуни, Европската комисија објави извештај за конвергенција во којшто се оценува напредокот постигнат од земјите членки што не се во еврозоната за воведување на еврото. Според извештајот, Хрватска ги исполнува сите критериуми за влез во еврозоната, освен членството во Европскиот механизам за девизен курс (ЕRМ II).

Фото: Pixabay