Најстари ресторани во светот, еве кој македонски ресторан постои од 1928 година

915

Рестораните ширум светот ги “живеат“ своите најтешки денови, поради избивање на пандемијата со коронавирус и нивното затворање на неколку месеци.

Пред појавата на пандемијата постојано се отвораа нови, необични, специфични ресторани, но има нешто посебно во тоа да седнете на место што е старо околу еден  век. NetCredit спровело истражување за тоа кои се најстари ресторани во секоја држава. St. Peter Stiftskulinarium во Салцбург, Австрија постои повеќе од 12 века. Основан во 803 година, тој е најстариот ресторан во светот што сè уште функционира.

Најстариот ресторан во Македонија што уште работи е Идадија, основан во 1928 година. Од балканските земји, на мапата се наоѓа ресторан од Хрватска, Dubravka основан во 1836 година и ресторан основан во 1881 година од Црна Гора, Kod Pera na Bukovicu.

Дури осум од 10-те најстари ресторани во светот се наоѓаат во Европа. Вториот најстар ресторан Wurtskuchl (or Sausage Kitchen) од 1146 година се наоѓа во Регенсбург, Германија.

Трет е ресторанот The Old House од Велс основан во 1147 година, следен е ресторанот Ma Yu Ching’s Bucket Chicken House од Кина. Петтиот најстар ресторан е од Ирска, The Brazen Head, основан во 1198 година. Во првите 10 се наоѓа и ресторан од Јапонија, Honke Owariya основан во 1465 година.

Фото: Pixabay, Netcredit