Која земја имаше најголем БДП во 1992-ра, а која ќе има најголем во 2024 година?

93

Бруто домашниот производ (БДП) претставува вредност на сите финални добра и услуги што се произведени во рамки на една економија во текот на една година. Па така, според податоците на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, земјите од Азија се очекува да доминираат во светот по големината на БДП во 2024 година.

Навраќајќи се три децении наназад, Кина беше во сенка на големите светски сили, но за неколку години ќе се најде на врвот, пренесува Statista.

Според податоците, во 1992-ра година, највисока БДП имале САД. Потоа следуваа: Јапонија, Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Шпанија, Канада, Русија и на дното Кина.

Во 2008-ма година, светскиот БДП поредок изгледаше вака: САД, Јапонија, Кина, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Бразил, Русија и Шпанија.

Предвидувањата за 2024 година се следни: Кина, САД, Индија, Јапонија, Индонезија, Русија, Германија, Бразил, Велика Британија и Франција.

Фото: Freepik