Недоволната странска побарувачка најмногу влијае за ограничено производство

108

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2020 година е намален за 0,8 процентни поени во однос на мај 2020 година и изнесува 12,2, а во однос на јуни 2019 година е намален за 9,1 процентeн поен.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,6%, недостигот на квалификувана работна сила со 17%, неизвесното економско опкружување со 16,5% и недоволната домашна побарувачка со 13,1%.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2020, во однос на мај 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на јуни 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2020 година изнесува 65,5% од нормалното искористување.

Фото: Freepik