Компанијата Adriatic Marinas од Тиват веќе го стави на пазарот недвижниот имот од комплексот наречен Boka Place, нов дел од луксузното наутичко-туристичко одморалиште Porto Montenegro, иако изградбата ќе започне на крајот на годината, пишува Bankar.me.
Во огласот се вели дека покрај становите и деловните простории, странските купувачи бесплатно ќе добијат и црногорско државјанство.
Владата неодамна го вклучи проектот Boka Place на Списокот на приоритетни проекти од областа на туризмот, којшто на инвеститорите им дава голем број административни и фискални придобивки за реализација на овие проекти, а една од нив е можност за оние кои ги вложуваат своите пари во овие проекти да добијат и црногорско државјанство.
Станува збор за доделување државјанство за спроведување на посебна програма за инвестирање од особено значење за економскиот интерес на Црна Гора, која е познат меѓу странските инвеститори во Црна Гора како CBI (Citizenship by Investment).
Фото: Pixabay