По два дена раст, Wall Street со благ пад

На Wall Street во четвртокот берзанските индекси паднаа, бидејќи паднаа цените на акциите на неколку технолошки гиганти и инвеститорите беа обесхрабрени од сè уште високото ниво на невработеност во САД.

Индексот Dow Jones ослабе 135 поени или 0,50% на 26.734 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,34% на 3.215 поени, а Nasdaq за 0,73% на 10.473 поени.

Падот на тие индекси, по дводневниот раст, се должи, меѓу другото, на корекција на цените на акциите на технолошките гиганти, како што се Apple и Microsoft, кои до неодамна постојано растеа.

И на европските берзи цените на берзите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе 0,67% на 6.250 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,43% на 12.874 поени, а парискиот CAC 0,46% на 5.085 поени.

Фото: Facebook