Која компанија вреди 6.330 пати повеќе од својот профит?

83

На почетокот на оваа недела, акциите на Tesla надминаа 1.790 долари, што значи дека пазарната капитализација на компанијата на Илон Маск достигна 320 милијарди долари. Таков раст на цените не очекувал ниту самиот Маск.

Проблемот со толку високата вредност на Tesla е во тоа што компанијата пред помалку од една година била близу до банкрот, но потоа успеа да го зголеми производството, да оствари поголем профит, иако не била ниту близу до толку голем раст.

Само за илустрација, од почетокот на годината Tesla имал пазарна вредност што е еквивалент на компанијата Renault мултиплицирана 27 пати или добивката на компанијата на Маск е 5,6 пати поголема од онаа на General motors.

Се поставува прашањето колку долго ќе трае среќата на сопствениците на акции во Teska? Ако на пример, во акции на Tesla во 2016 година се вложиле 35.000 долари, денес тие ќе вредат 250.000 долари.

Цената на акциите на овој производител на електрични автомобили е 6.330 пати поголема од неговата ланска добивка, 166 пати поголемо од проектираната добивка за следната година, а 20 пати поголема од сметководствената вредноста, пишува Novac.hr.

Фото: Freepik