Полугодишната инфлација во еврозоната во јуни, месецот во кој постепено се укинаа голем дел од рестриктивните корона мерки изнесува 0,3%, што е раст во однос на мајската стапка од 0,1% објави европската статистичка служба Евростат.
Во истиот месец претходната година растот на потрошувачките цени во еврозоната изнесуваше 1,3% на годишно ниво.
Инфлацијата пак на ниво на ЕУ во јуни 2020 година порасна на 0,8% од 0,6% во мај. Година претходно, оваа стапка изнесуваше 1,6%.
Дефлација во јуни на годишно ниво е забележана на Кипар (-2,2%), Грција (-1,9%) и Естонија (-1,6%) додека најголеми стапки се регистрирани во Полска (3,85), Чешка (3,4%) и Унгарија (2,9%).
Во однос на мај, инфлацијата на годишно ниво бележи пад во седум држави членки на ЕУ, а раст забележала во 20.
Најголемо влијание врз порастот на јунската инфлација во еврозоната имало поскапувањето на храната, алкохолот и тутунот, потоа услугите, неенергетските индустриски производи и енергијата.
Фото: Freepik